Top Sport

„Лука Модриќ не е нормален“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ вчера против Шпанија во осминафиналето на ЕУРО 2020 одигра 114 минути во поразот на продолженија, до 5-3.

Модриќ одигра уште една брилијантна партија за „коцкестите“, но теренот во Копенхаген мораше да го напушти поради замор.

За неговата игра стигнаа пофалби од целиот свет, а не бираше зборови ниту претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.

„Нема да лажам како сите останати, но никогаш не смеете да отпишете селекција како Хрватска. Тие имаат еден играч… Лука Модри не е нормален. Беше ова меч за паметење. Беше тешко, сега сме многу среќни. Ова беше еден до најубавите натпревари на ова ЕУРО досега. Нашиот противник – светскиот вицешампион покажа големо срце“ рече Рубиалес.

Scroll to Top