Top Sport

Швајцарскиот јунак: Французите беа јаки, ама станаа арогантни!

„Ова што екипата го направи е луди. Заслуживме пласман затоа што игравме храббро и се боревме до последен момент“ рече голманот на Швајцарија, Јан Сомер откако неговата селекција избори четвртфинале на ЕУРО притоа елиминирајќи го првиот фаворит на првенството – Франција.

Швајцарците на пенали, по промашувањето на Мбапе во последната петта серија ги исфрлија „триколорите“ и закажаа пресметка со Шпанија.

По 90 минути мечот заврши со резултат 3-3, но мора да се напомене дека Швајцарија во 75 минута имаше негатива од 3-1.

„Беше тоа неверојатна фудбалска вечер, покажавме сјаен менталитет и пожртвуваност. Горд сум, на целиот тим. При резултат 3-1 никој не веруваше во нас, но пред мечот рековме: `што и да се случи, без оглед на сценариото, одиме до крај`. Французите беа јаки, но станаа помалку арогантни. Ова што ние го направивме е едноставно неверојатно. Ми доаѓа да плачам од среќа, бевме на дното и се вративме“ рече Сомер кој го чува голот на Борусија Менхенгладбах.

Еден од јунаците на Швајцарија, Харис Сеферовиќ – двојниот стрелец по мечот рече дека се запишаа во историја.

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака со слично размислување.

„Испишавме историја за оваа фудбалска нација. Одиме на Шпанија во четвртфинале, ќе биде тешко, но сега сонуваме“ рече тој.

Разочарувањето во спротивниот табор е големо.

„Болно е, жални е што испуштивме 3-1. Се боревме до крај, за актуелен светски првак елиминација во осминафинале не е добар резултат. Сите очекуваа повеќе“ рече голманот на Франција, капитенот Уго Лорис.

Своето разочарување по мечот го сподели и дефанзивецот Рафаел Варан.

„Овој резултат е големо разочарување. Во прво полувреме воопшто не игравме, се ни недостасуваше. Во вториот дел добро реагиравме, а потоа на противникот му оставивме премногу простор и се вратија во игра. Имаше многу фрустрација“ изјави Варан по мечот во Букурешт.

Scroll to Top