Top Sport

Македонија покажа лавовско срце во второ полувреме, недоволно за позитивен резултат

По лошите први 45 минута за македонската фудбалска репрезентација на мечот од второто коло против Украина во меч од групата Ц (негатива од два гола со поодоците на Јармоленко и Јеремчук), нашите фудбалери одиграа неспоредливо подобро во второто полувреме. Во првиот дел Пандев и другарите не упатиј ниту еден уар во рамки на голот на Бушчан, но тоа не беше случај во вториот дел.

Замените дефинитивно внесоа живост во нашиот национален тим, посебно тоа се однесува за играта на Александар Трајковски.

Аријан Адеми во 47 минута има голема шанса за погодок – бие ниско десно, Бушчан брани, асистент е капитенот Пандев.
Малиновски во 51 минута од слободен удар бие прецизно, но Столе Димитриевски одлично интервенира.

Во 55 минута пенал за Македонија, претходно Трајковски биеше, Бушчан одбрани, а топката заврши во гредата. Токму Пандев натрча на топката и Караваев го фаулираше.

Алиоски во 57 минута намалува на 1-2. Најпрво украинскиот голман му го одбрани ударот, но топката заврши во неговите нозе за намалување на предноста.

Во 68 минута Трајковски биеше во рамки на голот, Бушчан сигурен.

Во 69 минута Елмас за малку не стигна до топката на 5-6 метри од украинскиот гол.

Во 74 минута нововлезениот Циганков имаше убаша шанса за зголемување на водството, но биеше покрај македонскиот гол.

Во 84 минута Украина не користи пенал, Столе Димитриевски му брани пенал на Малиновски откако по ВАР асистенција аргентинскиот судија Рапалини покажа на белата точка откако по еден слободен удар токму на Малиновски нашиот репрезентативец Аврамовски играч со рака во живиот ѕид.

Во последните 5 минути Македонија со сите сили тргна по израмнување, но Украинците трпеливо ја чуваа предноста.

На крајот Македонија по две одиграни кола заврши со 0 бодови и ги заврши шансите за следна фаза, а Украина по стартниот пораз од Холандија, сега со 3 бода е во игра за позиција која носи влез во следната фаза.

Во третото последно коло од групата фаза Македонија во Амстердам ќе игра против Холандија, а Австрија ќе е противник на Украина.

Scroll to Top