Top Sport

Столе Димитриевски: Не сум задоволен – не помогнав да земеме бод

Еден од најдобрите играчи на Македонија по завршувањето на мечот со Украина, голманот Столе Димитривски искрено и отворено:

„Првата утакмица имавме неколку грешки, на втората утакмица, во второ полувреме ја покажавме најдобрата игра што можеме да ја прикажеме. Не сум задоволен од себе затоа што не и помогнав на екипата да земеме бод, реално треба да се бориме до крај сите заедно. Ние разговараме на тренинзи, гледаме видеа од нив, вежбаме, да се одбрани пенал е многу тешко, ги имаме сите играчи студирано, треба да се одработи, ова е одбранет пенал мој, на тренерот Мицевски, на Дамјан Шишковски и на Ристе Јанков. Во Холандија одиме да се покажеме во најдобро светло, по победа или по бод“ изјави по натпреварот македонскиот голман, Столе Димитриевски кој повторно имаше добра партија слично како и во првото коло против Австрија.
Фото: ФФМ

Scroll to Top