Top Sport

Отворен фудбал во Баку, тандемот Бејл – Рeмзи носи предност за Велс

Одлични воведни 15-тина минути на Олимпискиот стадион во Баку играа репрезентациите на Велс и на Турција во рамки на првото коло од групата А на ЕУРО 2020.

Турците по старниот пораз од Италија со 3-0 и Велшаните по среќно извлеченото реми од Швајцарија (1-1) тргнаа уште од стартот по победа која ќе ги доближи до следната фаза на ЕП.

Иако Велс во првиот дел од мечот се чинеше како поконкретен, сепак Турците преку ударите на Ундер, осносно Бурак Јилмас опасно се заканија.

И Ремзи на спротивната страна имаше можност да ја затресе мрежата на турскиот гол, но безуспешно.

Истиот играч во 24 минута имаше уште една убава шанса, но повеќе гледаше дали е во офсајд, отколку да размислува во кој дел од голот на Чакир да бие.

Сепак во 42 минута немаше спас за турската одбрана – Бејл асистира, Рамзи се уфрли од втор план и псотигна убав гол за предноста на својата селекција од 1-0 на полувреме.

Scroll to Top