Top Sport

Рашфорд: Повеќе би сакал да сум како Роналдо, отколку да сум премиер

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ја отфрли идејата дека еден ден може да стане премиер на Велика Британија, велејќи дека повеќе би сакал да биде како Кристијано Роналдо.

Англискиот напаѓач неодамна беше во центарот на вниманието на британската јавност со својата добротворна работа за која доби и признание од кралицата Елизабета Втора, по што дел од фановите сметаа дека треба да се активира политички. Рашфорд нема такви амбиции.

„Да, најверојатно уште сега може да кажам дека нема да бидам политичар бидејќи кога растев не сакав да станам тоа. Разговорот со Барак Обама беше интересен и можам да научам од такви разговори, но тоа не е мојата цел“, вели Рашфорд.

Бидејќи во нокаут фазата Англија може да се сретне со Португалија, Рашфорд вели дека би сакал да биде запаметен како наследник на својот идол, Кристијано Роналдо.

„Кристијано е неверојатен фудбалер и веќе станува нормално кога ги надминува сите граници. Начинот на кој се движи неговата кариера од почетокот е фантастична и би било огромно искуство да играм против него. Тој Роналдо кој го гледав кога почнуваше, не е истиот Роналдо од денеска или од пред пет години. Тогаш секогаш дриблаше, одеше во директни дуели и потоа стана животно. Сега има 36 години и само дава голови и како можете да кажете лош збор за него. Мислам дека многу луѓе го имаат како идол, вклучувајќи ме и мене“, вели Англичанецот.

Scroll to Top