Top Sport

ТОП 10 гола на ЕУРО2020: Шик, Модриќ, Погба, Јармоленко…

На Европското фудбалско првенство кое во неделата заврши со финалето на „Вембли“ меѓу Италија и Англија беа постигнати вкупно 142 гола на 51 натпревар (2.78 во просек по натпревар).

УЕФА од сите голови на шампионатот одбра 10 за кои огранизира гласање – кој е најдобриот гол на ЕУРО 2020! Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ на мечот против Шкотска погоди со надворешна од 20-тина метри.

Напаѓачот на Чешка, Патрик Шик исто така против Шкотска го изненади противничкиот голман Маршал и тоа речиси од половина терен.

Прекрасен гол, тогаш за 3-1 постигна Французинот Пол Погба, против Швајцарија, во осминафинале. Гаѓаше точно во аголот.

И Украинецот Андриј Јармоленко постигна брилијантен погодок на дуелот против Холандија, во рамки на групната фаза.

Останатите 6 гола кои влегоа во најтесниот избор за Гол на првенството се дело на Кристијано Роналдо, Кевин де Брујне, Федерико Киеза, Алваро Мората. Микел Дамсгард и Лоренцо Инсиње.

За изборот на 10-те нај-голови одлучувала техничка комисија на УЕФА во која од попознатите фудбалски имиња се: Естебан Камбијасо, Фабио Капело, Козмин Контра, Аитор Каранка, Роби Кин, Дејвид Мојс…

Scroll to Top