Top Sport

Уште ли не научија? Павар беше во несвест 10 секунди, па го доигра мечот

Фудбалските навивачи беа зачудени зошто на француската фудбалска ѕвезда Бенжамин Павар му беше дозволено да го продолжи мечот со Германија и покрај тоа што очигледно накратко беше во несвест по дуелот со Робин Госенс.

Играјќи на сопствениот стадион „Алијанц арената“, дефанзивецот на Баерн доби силен удар во главата и призна дека 10 секунди бил во несвест. Откако се оствести, тој доби само вода на вратот и продолжи со игра.

„Беше мал шок! Бев во аут 10 или 15 секунди. Но, потоа беше подобро“, изјави Павар.

Ова доаѓа иако сите 24 репрезентации на ЕУРО 2020 имаат потпишано документ за потрес на мозокот со одредени мерки за невролошкото здравје на фудбалерите. УЕФА објави дека ќе истражи дали одлуката била исправна или животот на Павар бил непотребно ставен во опасност.

Scroll to Top