Франција не успеа да ја додаде европската круна на светската титула, откако беа елиминирани од Швајцарија по пенал-драмата уште во осминафиналето, но компилацијата од најдобрите моменти на Пол Погба на турнирот покажува дека тој сигурно ќе беше избран за најдобар играч на ЕУРО ако Франција одеше понатаму.
Вејн Руни, поранешниот соиграч на Погба од Јунајтед, веќе напиша дека за него Французинот е најдобриот на светот.
„Како и многу луѓе, сметав дека Французите ќе станат шампиони, но како тим беа големо разочарување. Најголема штета за Пол Погба, кој беше најдобар играч на турнирот пред да ги елиминираат. Му помогна што го имаше Н’Голо Канте, но најмногу помогна што играше на поинаква позиција од таа во Јунајтед – подлабоко со што имаше време и простор да ги направи тие неверојатни додавања“, изјави Руни.
Paul Pogba – Euro 2021pic.twitter.com/rDnIXNF9U6
— BNS Comps (@BnsComps) July 4, 2021