Фудбалерите на Барселона забележаа благодарение на Лионел Меси забележаа лесна победа над Еибар 5:0, во 25 коло во Ла Лига. Неверојаниот Аргентинец постигна четири гола на овој натпревар со што дојде до бројката од 18 гола во првенството на Шпанија.
Меси му ја обезбеди победата на својот тим во првото полувреме кога три пати го совлада голманот на Еибар Марко Дмитровиќ. Меси хет-трикот го комплетираше во периодот од 14 до 40 минута.
Првиот гол го постигна по брилијантната акција, ког најпрвин му продаде „тунел“ на еден од дефанзивците на Еибар, а потоа го матираше Дмитровиќ.
Во 37 минута Аргентинецот успеа да мине низ тројца противнички фудбалери и да зголеми на 2:0.
Три минути подоцна искосристи лоша реакција на десниот бек на Еибар, му асистираше на Гризман кој реагираше бавно и почетнички, но топката се врати кај Аргентинецот кој само ја проследи во голот.
Во второто полувреме Барселона со блиц-криг во 86 и 89 минута ја комплетираше петардата.
Четвртиот гол повторно е дело на Меси, а петтиот на Бразилецот Артур.