Top Sport

29-годишник ќе ја предводи Парма

Италијанскиот фудбалски клуб Парма назначи нов тренер, откако Кристијан Киву ја напушти клупата за да го преземе Интер.

Нов тренер на познатиот клуб е шпанскиот стручњак Карлос Куеста, кој потпиша двегодишен договор.

Станува збор за 29-годишник кој стана најмладиот тренер во историјата на Серија А и моментално најмладиот главен тренер во една од петте најсилни европски лиги.

Куеста ја започна својата тренерска кариера во 2014 година како 19-годишник во Атлетико Мадрид, каде што беше асистент во тимот до 17 години.

Од 2018 до 2020 година, тој беше асистент во тимот на Јувентус до 17 години, а во последните пет години беше помошник тренер во Арсенал, а Микел Артета го научи практично сè што знае за тренерската работа.

Парма моментално има пет играчи кои се постари од тренерот, а најискусен меѓу нив е поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Милан Ѓуриќ (35).

„Млекарите“ ја завршија претходната сезона на 16-то место.

Scroll to Top