Top Sport

Суринамскиот потпретседател е и фудбалер, капитен, газда, командос!

Рони Брансвајк, 60-годишниот потпретседател на Суринам, беше стартер и одигра 54 минути за Интер Менготапе на вчерашниот меч од ЦОНЦАЦАФ лигата од Олимпија.

Брансвајк, кој е сопственик и претседател на клубот, беше и капитен на тимот и играше до второто полувреме, пред да биде заменет. Неговиот тим немаше многу среќа и загуби со 6:0.

Брансвајк е поранешен лидер на Суринамската ослободителна армија, попозната како „Команданти во џунглата“ и во 1985 година се бореше за правата на Афро-Суринамците, а потоа беше дел од граѓанската војна од 1986 до 1992. По војната, Холандија, која до неодамна имаше суверенитет на оваа јужноамериканска земја, го обвини Брансвајк за продажба на дрога и тој беше осуден во 1999 година.

Фудбалот му е втора страст – тој покрај тоа што е играч и сопственик на Интер Менготапе, го изгради и стадионот на клубот, кој го носи неговото име. Во 2005 година, тој беше суспендиран за заканување на фудбалер со пиштол, пред во 2012 да биде суспендиран за закана кон судијата.

Scroll to Top