Top Sport

35 години од трагедијата на Хејсел (Видео)

Џенес се навршија 35 години од трагедијата која се случи на 29 мај 1985 година на стадионот Хејсел во Брисел. Една од најголемите трагедии во фудбалот се случи пред почетокот на финалниот меч во Купот на шампионите помеѓу Јувентус и Ливерпул.

На Хејсел стадионот во Брисел смртно страдаа 39 навивачи на Јувентус, а 600 беа повредени.

Навивачите на Ливерпул ја пробија заштитната ограда и влегоа на трибината каде што беа навивачите на Јувентус. Тоа придонесе да падне ѕид виско три метри. На тој начин настрадаа најголем дел од навивачите. Еден дел настрада во пресметките со каменици и ножеви и во стампедото што настана поради паниката.

Иако не требаше, финалето сепак се одигра. Победи Јувентус со голот на Мишел Платини од пенал.

Веднаш по Хејсел тогашната премиерка на Англија, Маргарет Тачер, донесе одлука на клубовите да им забрани пет години да учествуваат во европските купови.

Scroll to Top