Top Sport

Евертон влегува во трката за потписот на Годин

Диего Годин (33) во летниот преоден рок веројатно ќе го напушти Интер. Уругваецот минатото лето пристигна на „Џузепе Меаца“ но не успеа да се снајде во системот на тренерот Антонио Конте.

Годин, играчка легенда на Атлетико Мадрид каде мина десет сезони, иако зад себе има лоша сезона кариерата би можел да ја продолжи во Премиерлигата.

Интересот за Уругваецот не го кријат Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а од денес во трката се вклучил и Евертон. Според англиските медиуми тренерот на „карамелите“ Карло Анчелоти бил убеден дека Годин се уште може да игра на виско ниво.

Годин има договор со Интер и за наредните две години. Се претпоставува дека би го пуштиле за сума од околу 10 милиони евра.

Scroll to Top