Роман Абрамович беше на трибините да го гледа својот Челси во дуелот од Лигата на шампионите на гости кај Краснодар, враќајќи се во својата татковина за прв меч во живо на „сините“ по финалето на Лига Европа во 2019 година.
Рускиот милијардер од 2018 година не е вратен во Велика Британија откако земјата му ја одзеде бизнис-визата, и оттогаш живее во Израел, добивајќи државјанство. Абрамович претходно имаше „тајер-1“ британска виза која дозволуваше странци кои ќе инвестираат над 2 милиони фунти во британската економија да добијат престој од 40 месеци.
Абрамович последен пат го гледаше тимот во кој вложи стотици милиони евра во Баку, Азербејџан, кога Челси ги совлада Арсенал со 4:1 за титулата од Лига Европа.
Roman Abramovich in attendance at the Chelsea game tonight. #cfc pic.twitter.com/OmRQAVuN3x
— TweetChelseaUK (@TweetChelseaUK) October 28, 2020