Роман Абрамович пред 16 години ќе станел сопственик на Арсенал наместо на Челси, но по „грешка“ му било кажало дека „топчиите“ не се на продажба од страна на швајцарските банки.
По ова, рускиот милијардер неколку пати неуспешно се обидувал да го донесе Тјери Анри на „Стемфорд бриџ“ во најдобрите денови за францускиот напаѓач, се открива во книгата „Клубот“ на двајца брокери од Вол Стрит.
Во книгата се тврди дека во 2003 година, Абрамович ја ангажирал швајцарската банка „УБС“ да ги испита економските можности во англиската Премиер лига, и еден од заклучоците бил дека „Арсенал дефинитивно не е на продажба“. По ова Абрамович се решил да го купи Челси за 140 милиони фунти, по што со клубот освои пет титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите.
Доколку Русинот се обидел да го купи Арсенал, поранешниот потпретседател на клубот Дејвид Дејн би го продал клубот.
Уште едно шокантно тврдење е дека Абрамович се сретнал и со сопствениците на Тотенхем, но дека кога пристигнал во близината на стариот „Вајт Харт Лејн“ изјавил дека „Ова е полошо од Омск“, зборувајќи за градот во Сибир каде што тој поседуваше рафинерија.