Top Sport

Брендон Вилијамс: Мислев дека на Ериксен му треба едно гушкање

Фудбалерот на Норич, Брендон Вилијамс објасни што помислил во моментот кога го гушна ривалот од Брентфорд, Кристијан Ериксен во еден момент кој стана вирален минатата недела.

Вилијамс, кој игра во Норич како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед, имаше остар дуел со Данецот, кој се врати на фудбалот по срцевиот напад на минатогодишното ЕУРО, и изгледаше дека сака да се тепа со него, пред да го види и да го гушне.

„Моментот кога се случи тоа беше едноставен инстинкт. Го поминав и почувствував дека ме повлече, а бидејќи бевме во напад, бев многу лут. Ќе го грабнев, но кога се потсетив низ што помина,  сметав дека му е потребно едно гушкање. Никој не би посакал да помине низ такво искуство, а знам дека тој е врвен фудбалер и наскоро ќе биде пак на врвот“, вели Вилијамс.

Сакаше да се тепа, но се откажа кога виде дека се работи за Ериксен

Scroll to Top