Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми сака да направи трансфер во Турција. Прволигашот Анада Демирспор е сериозно заинтересиран да го доведе капитенот на Динамо Загреб, а тој побарал и од раководството да му дозволи да го напушти „Максимир“.
Адеми е во Динамо Загреб од 2010 година, има 31 година, а досега за клубот одигра 351 натпревар и постигна 39 гола со 29 асистенции.
Тренер на Адана е Винченцо Монтела, кој бара квалитетен играч за врска. Прва негова опција е Аријан Адеми, а втора Тиму Бакајоко, кој е на излезна врата од Милан, каде не добива минутажа.