Top Sport

Калин Ивановски со успешен старт на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа го стартуваше настапот на ИТФ фјучерс турнирот во Монастир, Тунис. Тој славеше над квалификантот од Словачка, Лукаш Павлович со 2:0 во сетови (6:4, 6:2).

Во второто коло, Ивановски за противник ќе го има мароканскиот тенисер Адам Мундир, кој е рангиран на 688. позиција на АТП листата.

Турнирот во Монастир се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Scroll to Top