Дик Адвокат е именуван за нов шеф на стручниот штаб на холандскиот прволигаш Утрехт, објави клубот.
Адвокат последниот ангажман го имаше во Спарта од Ротердам. Овој клуб тој го напушти по завршувањето на сезоната. Во Утрехт тој ќе го замени Жан Пол де Јонг кој на 4.септември добил отказ.
Дик Адвокат (70) зад себе има импресивна кариера на клупски и репрезентативен план. Бил тренер на ПСВ Ајндховен, Сандерленд, Зенит, Фенербхче, а како селектор ги предводел националните тимови на Јужна Кореа, Русија и Холандија.