Пред стартот на последното коло во групата Ф на Африканскиот куп на нации во Египет, четирите репрезентации можеа да се пласираат во четврт-финалето, но на крајот сигурен билет обезбедија само Гана и Камерун.
Гана со головите на Џордан Ају и Томас стигнаа до 2:0 победа над Гвинеја Бисао и успеаја да го поминат Камерун на табелата со ист број на поени (5), откако Камерунците не успеаја да го скршат отпорот на Бенин и одиграа само 0:0. Бенин може да се пласира во четврт-финалето како една од четирите најдобропласирани трети репрезентации.
АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ, ГРУПА Ф
Бенин – Камерун 0:0
Гвинеја Бисао – Гана 0:2
Табела: 1.Гана 5, 2.Камерун 5, 3.Бенин 3, 4.Гвинеја Бисао 1