Серхио Агуеро се подготвува за збогување со Премиер лигата, откако легендата на Манчестер сити потврди дека ќе замине на крајот на сезоната по цела деценија, и во интервју за „Скај спорт“ призна дека голот против Квинс Парк Ренџерс во 2011/12 во еден од најдраматичните финиши на Премиер лигата останува неговиот најважен гол.
Агуеро погоди во судското продолжение таа сезона за да ја обезбеди првата титула на Манчестер сити во ерата на Премиер лигата.
„Тој го останува најважниот во мојот живот. Постојано го гледам тој натпревар со семејството и со синот и мислам дека голот ќе остане во мојата глава засекогаш. Кога ја допрев топката си помислив може да одам на пенал, но потоа веднаш помислив да шутнам. Два-три дена не ми се веруваше што се случи. Многу голови ми се омилени, против Јунајтед, Челси и Тотенхем, но тој гол останува најважниот во мојот живот“, вели Агуеро.