Top Sport

Ајакс го доведе тренерот на Спарта Ротердам

Зад холандскиот гигант Ајакс е неуспешна сезона. Клубот од Амстердам заврши на третото место на првенствената табела зад ПСВ и зад Феенорд, со што ја прекина серијата од четири последовни шампионски титули освоени во ерата на Ерик тен Хаг.

Поранешниот клупски играч и холандски репрезентативец Џон Хеитинга тоа го плати со губење на тренерската позиција, а Едвин ван дер Сар, легендарниот голман на Манчестер Јунајтед и Ајакс, кој со двата клуба ја освои Лигата на шампионите, претходно доброволно се повлече од директорската функција.

Наследникот на Хеитинга денеска е официјално објавен. Станува збор за Морис Стејн, тренер кој доаѓа од Спарта Ротердам. Тој ја предводеше Спарта до највисокиот ранг пред две години, а во сезоната која заврши со овој тим изненадувачки го освои високото шесто место.

 

Scroll to Top