Top Sport

Шпанците без Лоренцо Браун на Мундобаскет?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив и шпански репрезентативец Лоренцо Браун најверојатно нема да биде дел од составот на „црвената фурија“ на претстојното Светско првенство.

Еден од најдобрите играчи во тимот на Серџо Скариоло, кој лани ја крена европската круна, најави дека нема да биде во ростерот на Шпанија за Мундобаскетот.

„Не сум сигурен дека ќе играм на Светското првенство за Шпанија. Размислувам да се откажам. Имав долга сезона, телото почнува да ме боли и бара одмор. Секој чекор што го преземам е како тортура. Ќе видиме како сè ќе се одвива во текот на летото“, изјави Лоренцо Браун.

Поранешниот плејмејкер на Црвена Звезда оваа сезона во Евролигата имаше просек од 16,4 поени и 5,5 асистенции по натпревар. На минатогодишниот Евробаскет беше избран во најдобрата петорка со 15,2 поени и 7,6 асистенции по меч.

Scroll to Top