Ерик Тен Хаг на крајот на сезоната го напушта Ајакс и го презема Манчестер Јунајтед. За разделба, тој освои уште една шампионска титула со клубот, а раководството се чини дека го најде и неговиот наследник.
Потрагата по нов шеф на стручниот штаб е завршена, бидејќи нов тренер на тимот од Амстердам ќе стане Алфред Шроудер. Тој е актуелен стратег на белгискиот Клуб Бриж, а претходно работеше како асистент во стручниот штаб на Барселона, додека на кормилото беше Роналд Куман.
Шроудер со Клуб Бриж моментно е во трка за шампионската титула во Белгија, а на крајот од сезоната треба да се пресели во Амстердам и да го преземе Ајакс.
„Ова е голема чест и задоволство ми е да ја прифатам понудата. Среќен сум што ќе се вратам во клубот каде работев една и пол година. Сакам да продолжиме традицијата за освојување трофеи, а навивачите да уживаат во убав фудбал. Се приклучувам штом ќе ја завршам сезоната во Клуб Бриж“, изјави новиот стратег.
Шроудер ја започна својата тренерска кариера во Витесе во 2009 година, каде што беше и асистент, како и во Твенте во следните пет години, пред да го преземе првиот тим во 2014 година. Работеше како асистент во стручниот штаб на Хофенхајм, како и во Ајакс каде му помагаше на Тен Хаг.
Welcome back, boss! #ForTheFuture ⚪️?⚪
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 12, 2022