Top Sport

НБА ќе доделува две нови награди, во чест на Лери Бирд и Меџик Џонсон

НБА лигата воспостави две нови награди кои ќе се доделуваат од оваа сезона, а се именувани по Лери Бирд и Меџик Џонсон, легендите кои „помогнаа да се дефинира модерната НБА со нејзиниот индивидуален сјај и тимски успех во 1980-тите“.

Ќе бидат доделени награди за најдобрите играчи од финалето на конференцијата.

Наградата Лери Бирд ќе ја добие МВП играчот на источното финале, а наградата Меџик Џонсон за МВП на западното финале.

Годинава за финалето на Истокот се борат Милвоки и Бостон (3:2) и Мајами и Филаделфија (3:2), а за финалето на Запад, Феникс и Далас (3:2) и Голден Стејт и Мемфис (3:2).

Scroll to Top