Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт се пласираа во полуфиналето на Купот на Германија откако на домашен терен го совладаа Унион Берлин со 2:0. Двоен стрелец за домаќинот беше францускиот интернационалец Рандал Коло Муани.
Напаѓачот го отвори резултатот во 11.минута, а само две минути подоцна уште еднаш се запиша меѓу стрелците. Двоен асистент беше Марио Геце.