Top Sport

Баерн нема да го откупи Жоао Кансело, тој гледа кон Рим

Баерн Минхен нема да ја активира клаузулата и да го откупи Жоао Кансело, пренесуваат германските медиуми. Португалецот дојде на позајмица како големо засилување, но продолжи да ги прави истите проблеми како и во Манчестер Сити.

Очигледно Кансело не може да се помири со фактот дека понекогаш трена да биде и резерва, и по победата над Борусија Дортмунд замина во соблекувалната, единствен без да се поздрави со навивачите.

Ова го коментираше и Салихамиџиќ кој рече дека го совладале емоциите и дека ваквите реакции се нормални за незадоволните играчи.

Но, проблемот е што Кансело со таквото однесување е „токсичен“ за соблекувалната и покажува дека не е тимски играч.

Баерн не трпи вакво однесување и нема шанси да ја активира големата клаузула од 70 милиони евра. Поголем проблем за Кансело е дека ниту Манчестер Сити не го сака, односно дека Пеп Гвардиола веќе го отпишал за враќање на „Етихад“

Најверојатна следна дестинација на Португалец е италијанската Серија А каде веќе настапуваше за Интер и за Јувентус. За неговите услуги, наводно е заинтересирана Рома, која од клупата ја предводи неговиот сонародник Жозе Мурињо.

Scroll to Top