Top Sport

Академија Пандев посилна за Најденов и за Цикарски

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев доведе нови квалитетни засилувања за новата сезона. Денеска договори со клубот потпишаа поранешните македонски репрезенатативци Бојан Најденов и Мите Цикарски.

Најденов ќе го засили средниот ред на Академија Пандев. Тој во кус период настапуваше за „пандевци“ во 2020 година, а потоа се пресели во Вардар. Најденов во последниот период беше во странство и играше за Навбахор во Узбекистан и за Искра во Црна Гора.

Мите Цикарски е лев бек кој исто така кусо ги бранеше боите на Академија Пандев, а во 2021 година се пресели во Ботев Пловдив. Сега повторно се враќа во струмичкиот клуб.

Scroll to Top