Академија Пандев со 2:0 ја совлада Ренова во првиот меч од петтото коло на Првата лига, за да се зацврсти на првото место на табелата и да најави дека амбициите оваа година се големи.
Клубот од Струмица дојде во водство во 32. минута, кога својот прв гол за Академија Пандев го постигна Марко Рајковиќ, додека триумфот беше потврден во 87. минута, кога Крстовски стрелаше за конечни 2:0.
Без разлика на резултатите овој викенд, „Академците“ остануваат на првото место, бидејќи со четири победи и едно реми имаат 13 поени, пет повеќе од второпласираниот тим на Македонија Ѓорче Петров.
ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО
Академија Пандев – Ренова 2:0
Табела: 1.Академија Пандев 13, 2.Македонија ЃП 8, 3.Струга 7, 4.Вардар 7, 5.Ренова 7, 6.Шкупи 5, 7.Борец 4, 8.Силекс 3, 9.Работнички 3, 10.Шкендија 1.
Фото: Академија Пандев