Реал Мадрид, по репрезентативната пауза, ќе влезе во период на тешки натпревари. Добра вест за Карло Анчелоти е што Давид Алаба и Арда Ѓулер им се вратија на тренинзите.
Австриецот најверојатно ќе биде подготвен за дербито со Севилја во сабота, додека лекарскиот тим не сака да брза со Ѓулер
Враќањето на Алаба е клучната вест за Анчелоти, бидејќи Едер Милитао ја заврши сезоната, а по Севилја, Реал ќе гостува кај најголемиот ривал Барселона.
Освен споменатиот Милитао, надвор од терените е и Тибо Куртоа, кој исто така нема да игра до крајот на сезоната.
Реал Мадрид е лидер во табелата во Ла Лига со три бода повеќе од Барселона, на која ќе и гостува на 28 октомври, додека дуелот со Севилја е закажан за в сабота од 18:30 часот.