Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, заработи повреда на коленото на вчерашниот тренинг на баварскиот тим. Полскиот интернационалец се фатил за десното колено откако се лизнал при еден шут и паднал на земјата, информираат медиумите од Германија.
Се работи за истото колено поради кое Роберт Левандовски пропушти еден месец минатата пролет и не играше против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
Лекарскиот тим на Баерн Минхен излезе со првична проценка дека повредата на Левандовски не е сериозна, но, сепак, тој е неизвесен за натпреварот против Унион Берлин овој викенд.