Шпанскиот прволигаш Алавес го отпушти менаџерот Хозе Луис Мендилибар по поразот од Атлетико Мадрид со 4:1 во 30. коло од Ла Лига.
Под водство на овој тренер Алавес оствари една победа на 12 натпревари и се наоѓа на 20. место на табелата со 22 бода.
Мендилибар го презеде Алавес на 28 декември 2021 година. Тој го замени Хавиер Калеха, кој исто така беше отпуштен од раководството на клубот поради лошите резултати.