Top Sport

Артета: Не трчавме воопшто против Кристал Палас

Арсенал доживеа непријатен пораз од 3:0 на гостувањето кај Кристал Палас. „Топчиите“ одиграа далеку под очекувањата, а тоа може и да им го загрози четвртото место кое во Лигата на шампионите.

Менаџерот Микел Артета не го криеше разочарувањето од изданието на тимот.

„Не трчавме воопшто, особено во првиот дел. Доцневме на секоја топка, немавме доминација. Во секој случај ова е неприфатливо. Се предадовме, сега се извинуваме и мораме да се прегрупираме. Дали ова можев да го предвидам? Не, не можев. Им кажав на фудбалерите дека овој меч може да се добие само ако влеземе максимално затоа што игравме против физички силен ривал“, изјави Артета.

Scroll to Top