Top Sport

Албанецот Згуро е најновото засилување за Струга Трим Лум

Албанскиот интернационалец Ванѓел Згурo е најновото засилување за македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум. Тој треба да ја засили одбраната на стружани во пресрет на настапите во квалификациите за ЛШ и новата сезона во македонскиот шампионат.

Згурo е 30 – годишен дефанзивец кој може да игра и на позицијата лев бек.

Последен негов клуб е тимот на Билиш во Албанија, а има искуство и од САД.

 

Scroll to Top