Top Sport

Н’Голо Канте си купи фудбалски клуб од Белгија

Новото засилување на саудискиот клуб Ал-Итихад, Н’Голо Канте, го купи белгискиот третолигаш Виртон, пренесуваат локалните медиуми. Договорот е склучен и од 1 јули 32-годишниот француски играч за врска ќе биде нов сопственик на тимот.

Виртон се огласи со официјално соопштение на клупската веб-страница.

„Исто како Н’Голо Канте, напорната работа, дарежливоста и скромноста ќе ги поттикнат амбициите на Виртон во наредните години. Со желба да се развијат боите на клубот, провинцијата и Валонија, Н’Голо Канте ги повикува сите движечки сили од регионот да се приклучат на проектот кој има за цел да ги обедини луѓето и да биде достоен за поддржувачите на клубот. Заедно, повисоко и повисоко“, објави Виртон.

Минатата сезона клубот испадна од втората лига на Белгија, откако заврши на последното место, со освоени 25 бода од 32 натпревари.

 

Scroll to Top