Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Макс Алегри вели дека не е задоволен од насоката во која се движи „уметноста“ на фудбалското тренирање, бидејќи со технологијата тоа се уништува: „Ако го механизирате тоа, тогаш немате фудбалери кои размислуваат“.
Во интервју за „ЕСПН“, Алегри признава дека тој дури не поседувал лаптоп и додаде дека денешните тренери премногу внимание посветуваат на електронските податоци.
„Во мојата неукост, немам ниту компјутер. Имам ’ајпед’ кој ми го дадоа во Јувентус, на него гледам натпревари и вадам некои бројки. За среќа имам добра меморија и успевам да запаметам што се случува. Тренерот треба да биде покрај аут-линијата, треба да го дише фудбалот, да разбира кога е време за замена или кога треба да го извади својот најдобар фудбалер, бидејќи му е потребен поинаков фудбалер. Сега, сакаат да направат егзактна наука од фудбалот, а ако им успее, тогаш тренерот може да си оди и да гледа филм на кино“, вели Алегри.
Тој исто така бурно реагираше на фактот што италијанската Серија А на сите клубови им дава „Ајпед“ со апликацијата „Виртуелен тренер“.
„Сега сме готови. го механизирате тоа, тогаш немате фудбалери кои размислуваат. Ако фудбалерите можат да размислуваат со своја глава ќе најдат решение. Мојот син има осум години и заедно на Јутјуб ги гледаме големите фудбалери, неверојатните работи кои ги прават во нападот и одбраната, бидејќи на крајот, фудбалот е уметност. Во Италија има тактики, шеми, тоа се глупости. Фудбалот е уметност и уметниците се врвните фудбалери, на нив не треба да им објаснуваш ништо, туку само да им се восхитуваш“, објаснува Алегри.
Алегри: Дваесет години „слепо“ го следевме Гвардиола и „тики-така“ и грешевме