Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, решил да го продолжи договорот со клубот, објавија во понеделникот италијанските медиуми. Алегри се договорил со челниците дека ќе остане под услов во летниот преоден рок да му бидат донесени засилувања што му биле неопходни на тимот.
Алегри, Фабио Паратичи и Павел Недвед ја составиле листата на засилувања. Тренерот инсистира на реконструкција во редот за врска, а потребен му е играч што ќе дојде на местото на Андреа Барзаљи, кој заминува в пензија.
Јувентус, веќе под договор го има Арон Ремзи од Арсенал, една од најголемите желби е Енрико Киеза од Фиорентина за чии услуги се потребни 70 милиони евра, а во клубот не го кријат ниту интересот за Иско.
Исто така, изминатите недели медиумите шпекулираат дека Јувентус би сакале да го вратат во Торино, Пол Погба.