Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака комплетно да го реконструира средниот ред за следната сезона, а тренерот Масимилијано Алегри сака да го доведе Пол Погба и да го направи лидер на тимот. Французинот е подготвен да се врати во Торино иако „старата дама“ не може финансиски да одговори на понудата што ја достави Пари Сен Жермен. Сепак, Погба знае дека во Јувентус би се вратил во старата добро позната средина каде го играше најдобриот фудбал во кариерата.
Јуве може да му даде околу 8 милиони евра по сезона, што е речиси двојно помалку од досегашната негова плата во Манчестер Јунајтед.
Алегри ги посакува и Жоргињо од Челси и Паредес од ПСЖ за комплетно реновирање на линијата за врска, а клубот е во преговори и со Анхел ди Марија и Иван Перишиќ.