Top Sport

Фабрегас продолжува во италијанскиот второлигаш Комо

Поранешниот фудбалер на Челси, Арсенал и Барселона, Цеск Фабрегас реши да ја продолжи својата кариера, продолжувајќи во италијанскиот второлигаш Комо, откако му заврши договорот со Монако минатата сезона.

35-годишниот Шпанец пристигна во Монако од Челси и имаше 68 настапи за клубот од кнежевството, но во изминатата сезона имаше само два меча поради низа повреди, опишувајќи ја сезоната како „најлоша не само во кариерата, туку и во животот“. И покрај шпекулациите дека ќе се пензионира, тој реши да продолжи со клубот од Ломбардија.

Комо влегоа во Серија Б во 2020/21 и завршија на 13. место во втората лигa минатата сезона. Во клубот извршен директор е поранешниот капитен на Челси, Денис Вајс.

Фабрегас ја почна кариерата во славната академија на Барса, „Ла Масија“ пред да се пресели во Арсенал во 2003 и да стане клучен играч на „топчиите“. Тој се врати во Барселона во 2011, пред во 2014 да се врати во Премиерлигата со Челси, со кои освои две титули од Премиерлигата.

Scroll to Top