Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски имаше две асистенции за да помогне Лидс јунајтед да се вратат на првото место во англиската втора лига (Чемпионшип) со 2:1 победа над Свонси.
Алиоски асистираше на Понтус Јансон во 20. минута и на Џек Херисон во 34. минута, пред минатогодишните премиерлигаши да намалат од пенал во 87. минута од мечот.
Со победата и заедно со поразот на Норич од 3:0 кај Престон, тимот на Марсело Биелса се враќа на првото место во Чемпионшип со 61 поен, еден повеќе од Норич и три пред Шефилд јунајтед по 32 кола во лигата од 24 тима.