Покрај Раџа Наинголан, Рома во преодниот рок ќе ја напушти и голманот Алисон Бекер. Бразилецот е трансфер цел на Ливерпул, Реал Мадрид и Челси.
„Искрено, навистина се надевам дека се ќе биде решено до почетокот на Светското првенство. На моите застапници им оставив да ја донесат најдобрата одлука и да ги разрешат дилемите. Имаме неколку опции и со должна почит кон Рома, сите ќе ги разгледаме“, рекол Алисон.
Првиот голман на бразилската репрезентација во Рома е од 2016 година. Тој во Рим пристигна од Интернасионал од Порто Алегре чии гол го бранеше во периодот од 2013 до 2016 година.
За Бразил Алисон бранел на 26 натпревари.