Top Sport

Алмерија го отпушти Гаритано, нов тренер е Пепе Мел

Фудбалскиот клуб Алмерија му врачи отказ на тренерот Гаиска Гаритано, објави шпанскиот клуб.

На местото на Гаритано на клупата ќе дојде Пепе Мел, кој во февруари го напушти грчкиот ОФИ.

Мел е трет тренер на Алмерија оваа сезона, откако Гаритано го презеде тимот од Висенте Морено во октомври.

Алмерија, по 28 рунди нема победа, се наоѓа на последното, 20. место во Ла Лига со 10 освоени бодови.

Scroll to Top