Top Sport

Облак: Имав среќа што одбранив два пенали

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак го однесе својот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Словенија во пенал серијата ги одбрани ударите на Алексис Санчез и Дејви Класен. Атлетико по 120 минути игра победи со 2:1, а пенал серијата ја доби со 3:2.

„Одигравме одличен натпревар. Бевме многу добри. Генерално, играме многу добри, спектакуларни игри, но секогаш има игра што не повредува. Ги разбирам луѓето кои се лути, разочарани, но така се живее дење и ноќе. Се надевам дека можеме да им дадеме многу повеќе радост“, рече Облак и продолжи:

„Атмосферата на стадионот беше фантастична, како и секогаш. Навивачите и стадионот никогаш не потфрлаат. Може да ни се случи да играме лошо, но навивачите никогаш. Повторно ни помогнаа многу и на крајот секој може среќен да си оди дома“.

Облак не сакаше да ја земе заслугата што Атлетико се најде меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Тој не е таков човек.

„Секогаш велам дека кја пеналите е потребно да имате и малку среќа. Мора да ја изберете вистинската страна, треба да ја запрете топката и верувам дека ако играчот шутне перфектно, невозможно е да се запре топката. Но денеска за среќа успеав да одбранам два шута. Важно е да се победи. Се надевам дека нема да застанеме во четвртфиналето“.

Словенецот ги пофали и гостите од Милано кои на стадионот „Сивитас Метрополитано“ го доживеаја првиот пораз во 2024 година.

Scroll to Top