Top Sport

Алмерија против Кадиз спаси бод во 96.минута

Фудбалерите на Алмерија и Кадиз ремизираа 1:1 во првиот денешен натпревар од 26. коло во Примера.

Ривалите од шпанската покраина Андалузија, се во долниот дел на табелата и до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во лигата.

Кадиз поведе со голот на Марти во 49. минута, а Мелеро израмни во 96. минута од пенал. Кадиз и во минатото коло остана без победа длабоко во судиското надополнување на времето.

Во првото полувреме немаше многу шанси, оединствениот посериозен удар во првото полувреме го упати играчот на Алмерија Де ла Хозе, но не беше прецизен.

На стартот од вториот дел по корнер Марти се најде на вистинското место и погоди за 0:1.

Алмерија до крајот се обидуваше да дојде барем до бод, а во тоа и успеа во последните моменти од натпреварот. Луис Суарез беше соборен во шеснаесетникот, Алмерија доби пенал а Мелеро погоди за 1:1.

Алмерија остана претпоследна на табелата со 26 бодови, додека Кадиз со 28 сега е 14. на табелата.

Scroll to Top