Top Sport

Алвеш во 2019 го „молел“ Бартомеу да се врати во Барса

Нов ден, нови проблеми и контроверзи во Барселона. Поранешниот претседател на каталонскиот гигант, контроверзниот Жозеп Марија Бартомеу ги отфрли тврдењата на Дани Алвеш дека не би се вратил во клубот под негово водство, објавувајќи јавно комуникација преку „Ватсап“ од 2019.

Алвеш се врати во Каталонија во ноември по заминувањето од Сао Пауло и тврдеше дека не би го направил тоа кога Бартомеу бил во клубот бидејќи „немало поента да се работи со него“. Меѓутоа, разговорот на „Ватсап“ кажува поинаква приказна.

Алвеш: „Господине претседател, како сте? Сакам да се вратам дома и да играм на Светското првенство во 2022 како фудбалер на Барса. Да ја оставиме гордоста на страна, потребни сме си еден на друг“.

Бартомеу:„ Еј, Дани. Нема проблем, но треба да се согласи техничкиот тим. Зборуваше со Абидал? Големо гушкање. Барто“.

Алвеш: „Ќе зборувам веднаш со него“.

38-годишниот Алвеш играше во Барселона од 2008 година до 2016 година, освојувајќи шест титули од Ла лига и три од Лигата на шампионите, пред да замине во Јувентус.

Scroll to Top