Top Sport

Алжирскиот селектор ги натера Марез и Бенрама да ги обојат косите

Ријад Марез и Саид Бенрама ги вратија своите природни бои на косите на барање на алжирскиот селектор, легендата на африканскиот фудбал, Џамел Белмади.

Двете алжирски премиерлигашки ѕвезди го копираа Фил Фоден од ЕУРО 2020 и на почетокот на сезоната се појавија со „руси“ коси, но на фотографиите од тренингот на алжирската репрезентација се забележува дека двајцата имаат „нормална“ боја на косите.

Според алжирските медиуми, Белмади, кој во својата кариера играше за Пари Сен-Жермен, Марсеј и Манчестер сити, сака неговите фудбалери да имаат „стил за почит и изглед кој ги отсликува традициите на алжирското општество“.

Ова не е првпат Белмади да направи нешто. Во 2018 година, Илијас Хасани се појави на тренинг со руса долга коса и тој му нареди да се истрижи – на следниот тренинг тој имаше кратка црна коса.

Алжир играат со Џибути во првиот меч од квалификациите за СП оваа недела, пред следната недела да играат со Буркина Фасо.

Scroll to Top