Top Sport

Брегзит му ја уништи шансата на Вилшир да заигра во Серија Б

Поранешниот талент на Арсенал, Џек Вилшир, кој неодамна драматично призна дека му се плаче од тоа што не може да најде клуб, вели дека завршил со англискиот фудбал, откако почна да тренира со италијанскиот второлигаш Комо, но не може да склучи договор поради Брегзит.

29-годишниот фудбалер од средниот ред е слободен агент по крајот на шестмесечниот договор со Бурнемаут и бидејќи немаше понуди, ја прифати понудата на директорот на Комо, Денис Вајс да тренира во Италија. Но, поради тоа што Велика Британија веќе не е членка на Европската Унија, тој не може да добие договор во Серија Б, туку само во Серија А.

„Имав важна кариера и одлични моменти, но моето време во Англија заврши. Имав лоша репутација поради повредите, и сега барам нов предизвик во луѓето кои веруваат во мене. Не би се двоумел да се приклучам на италијански клуб. Искуството во Комо беше позитивно и мислам дека бргу би се прилагодил. Да, се работи поинаку отколку во Англија со повеќе тактика и техника. Тие кои остануваат во Англија се блиску до своето семејство, добро заработуваат и лигата е силна. Јас сакам нешто поинаку, можеби во Италија, можеби во Шпанија“, вели Вилшир во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Вилшир очаен: Како да им кажам на децата дека никој не ме сака

 

Scroll to Top