Американската фудбалска репрезентација ја покажа својата поддршка за ЛГБТ правата, откако во својот тренинг-центар во Катар ги заменија црвените ленти на своето лого со боите на виножитото. Во Катар, хомосексуалноста е забранета.
„Кога сме на светска сцена и во место како Катар, важно е да се крене свесноста за вакви работи и тоа е целта на нашата кампања: ‘Биди промената’. Не треба да посочуваме внимание на социјалните теми само во САД, туку и во странство. Сфаќаме дека Катар направи голем прогрес во последните години, но има многу работа пред нив“, изјави американскиот селектор Грер Берхалтер.
И покрај ова, грбот на дресовите на репрезентацијата на САД нема да ги има боите на виножитото за време на Светското првенство.