Top Sport

Американската полиција бара ДНК-примерок од Кристијано Роналдо!

Полицијата од Лас Вегас издаде барање за добивање на ДНК-примерок од ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо за да се спореди со фустанот на жената која го обвинува за силување во 2009 година, тврди „Вол стрит џурнал“.

Полицијата веќе ја пратила „потерницата“ до италијанскиот судски систем, бидејќи во моментов 33-годишниот Португалец таму се натпреварува и чека резултати. 34-годишната Катрин Мајорга тврди дека била сексуално нападната од Португалецот во неговата хотелска соба во Лас Вегас на 13 јуни 2009 година, кога тој ја приморал на анален секс.

Мајорга, тогаш на 25 години, работела во ноќниот клуб „Рејн“ во казиното „Палмс“ и се сретнала со фудбалерот (тогаш под договор со Реал Мадрид)  во ВИП одделот. По ова, тој ја однел во својата соба, каде што иако таа се противела на сексот, тој ја приморал, по што ја пуштил да си оди и се извинил со зборовите: „обично сум џентлмен“.

По ова, легалниот тим на Роналдо се согласил да исплати 300.000 долари за да се спречи одење на суд, но во документот не ја признал вината. Полицијата минатата година повторно го отвори случајот, а клучен доказ на Мајорга е фустанот кој го носела таа вечер (и необично, го сочувала речиси 10 години).

Се „појави“ видео од Роналдо со Американката која го обвинува за силување (видео)

Scroll to Top